Шпанските власти во соработка со ФБИ ја запленија јахтата на рускиот олигарх Векселберг


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанските полициски служби во соработка со американското ФБИ заплениле суперјахта на руски олигарх во Мајорка, пишува The Guardian.

Суперјахтата, проценета на 70 милиони фунти, е поврзана со Виктор Векселберг, санкциониран руски милијардер за кој САД тврдат дека е близок сојузник на Владимир Путин.

Јахтата со 22 членови на екипажот има седум луксузни кабини.