Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските власти уништија 415.000 стебла марихуана чија вредност се проценува на речиси 100 милиони евра, велејќи дека тоа е најголемата плантажа со марихуана во Европа.
Речиси 50 тони растенија биле исушени во складиштето за преработка на CBD, соединение кое сѐ повеќе се користи за лекување на анксиозност, несоница и други болести бидејќи не е психоактивно. Плантажата, која се наоѓа во руралниот северен регион Навара, се протегала на 11 полиња со вкупна површина од 67 хектари, соопшти Цивилната гарда.
Продажбата на CBD и неговата употреба е легална во Шпанија и поголемиот дел од Европа, но шпанскиот закон забранува одгледување марихуана освен за индустриска употреба, како што е текстилната и семенската индустрија. Одгледувањето за производство на CBD и други деривати е кривично дело.
Во рамките на акцијата се уапсени три лица. Акцијата започнала кон средината на минатата година кога полицијата открила една од нивите. Цивилната гарда соопшти дека сопственикот на плантажата првично тврдел дека води легален бизнис за производство на марихуана за индустриски цели, но подоцна било откриено дека планирал да извезе големи количини од растението во Италија и Швајцарија за производство на CBD.