Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шпанија е блиску до одлуката да отвори дел од трибините на натпреварите во последните четири кола во Лаа Лига.
Оваа вест денес е на насловните страни на најголемите шпански медиуми. Конечната одлука ќе ја донесе Министерството за здравје на оваа земја. Трибините би можеле да бидат отворени за максимално 5000 гледачи со обврска да држат растојание и да носат маска.
Доколку трибините бидат отворени на 7. и 8. мај тогаш Брселона и Реал Мадрид ќе добијат поддршка во вистински момент затоа што ги пречекуваат Атлетико и Севиља. Тоа се натпревари кои би можеле да го одлучат новиот шампион во Шпанија.
Барселона има шанса да го прескокне Атлетико Мадрид доколку во четврток во заостанатиот натпревар ја победи Гранада.
Во овој момент Атлетико има 73 бода, Барселона и Реал по 71, а Севиља 70, со тоа што Каталонците имаат натпревар помалку.