Advertisements
Спорт

Шпански судија тврди: Немаше пенал за Јувентус!

Поранешниот шпански судија Андухар Оливер, кој сега работи како стручен коментатор за „Еадио Марка“ тврди дека Атлетико Мадрид синоќа бил оштетен против Јувентус.

Имено, според Андухар пеналот за Јувентус врз Бернардески во 85-та минута бил неправилно досуден.

„Старата дама“ синиќа ги победи „јорганџиите“ со 3:0, а токму третиот гол на Роналдо дојде после пеналот досуден од судијата Кјуперс.

Анхел Кореа имаше контакт со Бернардески во казнениот простор, а холандскиот судија покажа на белата точка.

„Мое мислење е дека пеналот не требаше да биде доделен. Бернардески беше допрен од Кореа, но не доволно за да има цврсти елементи за пенал“, смета Андухар.

Advertisements

Најпопуларно

To Top