Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако има 66 години, првиот човек на Русија, претседателот Владимир Путин, не само што не личи дека има толку години, туку оддава впечаток дека е барем 10 години помлад.
Според шпанскиот весник Ел Мундо тој е најактивниот претседател на Русија , страствен љубител на хокеј, има црн џудо појас осми ден , сака пливаљње и планинарење.
Весникот пишува дека рускиот претседател ги сакал борбените вештини уште од детството, што го заштитило од лошо друштво, пушење и консумирање алкохол.
Поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила, го опиша како работохолик, но Путин не станува рано наутро. Претседателот на Русија веднаш откако ќе стане , испраќа неколку итни пораки наутро, по што оди во теретана и во базените – во едниот температура е +43 Целзиусови степени и во другиот +13.
Рускиот лидер сака да јаде сирење и пржени јајца за појадок, како и јајца од препелици и сокови. Освен тоа , сака ориз и пченица.
Сепак, неговиот стил на облекување игра важна улога во имиџот на Путин како вечно млад . Претседателот ги претпочита италијанските брендови на облека.
Шпанскиот весник заклучува дека во овој момент тајната на вечната младост на рускиот претседател е тоа што спие долго, не консумира алкохол, правилно се храни и од време на време плива во ледена вода.