Шпанската актерска дива ново заштитно лице на Chanel


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На модната ревија на која модниот гигант Chanel ја претстави својата колекција Couture есен/зима 2018/19, холивудската актерска ѕвезда со шпанско потекло, Пенелопе Круз, ја доби новата улога на амбасадорка и заштитно лице на Chanel, која традиционално ја фотографира Карл Лагерфелд.

„Ова е настан кој треба да се одбележи, а Карл е едноставно гениј. Уште од мала му се восхитувам на сè што прави, така што работата со него ми причинува огромно задоволство. Тој е кралот на модата и имавме навистина интересна фотосесија, тоа е вистинска авантура“, изјави Пенелопе.

Во 1999 година Пенелопе прв пат била на ревија на овој бренд и од тогаш честo одбира облека од модната куќа. Пенелопе често ги носи тоалетите на Карл на црвениот тепих, вклучувајќи ги и наградите на „Оскар“ и „Филмскиот фестивал во Кан“, а во парчиња од Chanel се појави и на големиот екран во филмот на Педро Алмодовар „Прекини ги прегратките“.

Со ова Пенелопе им се придружи на прекрасните амбасадорки на брендот Chanel – Марго Роби, Кира Најтли, Кристен Стјуарт и Лили Роуз Деп.