Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди отсуствуваше од тимот на Интер на 13 февруари кога му беше одземена клупската капитенска лента, а не беше дел од тимот на Интер ни против СПАЛ во неделата, кога „Нероазурите“ победија со 2:0, неговата агентка и сопруга Ванда Нара тврди дека тој сака да остане во италијанскиот клуб.
Таа продолжува го поткрепува неговото тврдење за повредата на колената и рече дека прави сѐ за да се чувствува подобро и да се смири со клубот.
„Мауро сака да остане во Интер. Работам на тоа да се чувствува подобро и да се смири со клубот. Избравме и адвокат кој е навивач на Интер. Мауро се грижи за себе 24 часа на ден, здравјето му е приоритет сега. Натпреварот против СПАЛ го гледавме од дома. Тоа не го направивме од страв да не нѐ исвиркаат, туку во договор со клубот“, рече таа.
Ванда исто така го коментираше состанокот со директорот на Интер Бепе Марота.
„Со Марота зборувам повеќе отколку со Мауро за да нема недоразбирања. Тоа беше позитивен состанок, како и секогаш кога се состануваме и разговараме за важни работи. Мауро сака да ја продолжи кариерата во Интер и се надеваме дека сѐ ќе се реши што е можно побрзо“, рече Ванда.