Шпанска новинарка се појави гола во позадина на јавување во живо од дома на нејзин колега


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


До пред само неколку дена, шпанската телевизиска новинарка Алесија Ривас си ја бркаше новинарската работа интервјуирајќи познати личности за нивните тајни лични животи.

Младата дама сигурно никогаш не сонувала дека одеднаш ќе стане главната тема на исти такви приказни во сите шпански весници.

Снимките на шпанскиот новинар Алфонсо Мерлос ги поплавија медиумите кога гола жена се појави среде јавувањето во живо од дома. Проблемот со целата приказна е што оваа дама не е негова девојка Марта Лопез, туку – Алесија Ривас, неговата позната уредничка и колешка.

Снимката наскоро стана вирална, ја пренесоа скоро сите светски медиуми и беше претставена со хумористичен тон, но сосема е јасно дека нема ништо смешно за Мерлос и Ривас во целата приказна. Најмалку се смееше неговата девојка Марта Лопез.

Новинарката пак , објави изјава до медиумите заканувајќи се со тужби.

„За жал, во последните неколку дена бев сведок на бројни напади, при што сум обвинета за неосновани обвиненија и лаги. Поради ова, јас сум крајно тажна и разочарана, и сум принудена да реагирам заради нарушување на приватноста и вознемирување“ – напиша Алесија, додавајќи дека таа ќе биде принудена да бара обештетување на суд.