Home Спорт Шпанија со најскап тим на Мундијалот, Бускетс најскап кај „црвената фурија“

Шпанија со најскап тим на Мундијалот, Бускетс најскап кај „црвената фурија“

Шпанската репрезентација го има најскапиот состав на Светското пртвенство во Русија, покажа специјализираниот портал „трансфермаркет“.

Дружината предводена од Лопатеги има вредност од 1.035 милијарди евра. Веднаш зад Шпанците е француската репрезентација со општа вредност од 1.0315 милијарди. На третото место се „кариоките“ кои се проценети на 950 милиони евра.

Кога сме кај индивидуалците Французите имаат тројца поскапи фудбалери од Шпанците – Килијан Мбапе (120 мил), Антоан Гризман (100) и Пол Погба (90).

Двајцата најскапи фудбалери кои ќе настапат на престојниот Мундијал се Меси и Нејмар кои се проценети на 180 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…