Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Економијата во Шпанија, најверојатно, ќе биде со најсилен раст меѓу економиите на земјите од еврозоната, иако се очекува дека нејзиниот раст ќе забави во вториот квартал, оцени економистот на консултантската фирма Капитал економикс, Стивен Браун.
Во првиот квартал на 2017 година шпанската економија порасна за 0,8 насто во однос на претходниот квартал, според неодамна објавениот детален извештај на шпанскиот завод за статистика INE. На годишно ниво шпанскиот бруто домашен производ (БДП) е зголемен за 3 насто, се вели во извештајот.
За споредба, растот на економијата на 19те членки од еврозоната во првиот квартал изнесуваше 0,5 насто на квартално ниво и 1,75 на годишно ниво, покажа проценката на Евростат, објавена на 16 мај.
Браун очекува дека во вториот квартал шпанската економија може да се забави, и тоа пред сè поради намалувањето на личната потрошувачка, која влијае врз БДП.