Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американската суперѕвезда Шон Вајт стана првиот сноубордер во историјата кој освоил три олимписки злата, откако сензационално триумфираше во дисциплината халфпајп.
На „Феникс Сноу Парк“, Вајт забележа резултат од 97.75 поени во последниот трет дел од трката, победувајќи го јапонскиот тинејџер Ајуму Хирано, кој има 95.25 поени. Трет беше Австралиецот Скот Џејмс со 92,00 поени.
31-годишниот Шон Вајт, кој освои златни медали во Торино 2006 и Ванкувер 2010, обезбеди олимписка титула број 100 за САД од Зимските олимписки игри.
„Не можам да опишам колку сум среќен. Поминав низ толку многу за да стигнам до тука“, изјави Вајт.