Шокантно: Жена ја соблекоа гола и ја запалија жива поради луда причина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Млада жена во Никарагва почина од изгореници една недела откако била врзана и запалена во ритуал за егзорцизам.

Вилма Трухиљо била нападната од четири лица на чело со Хуан Роча, кој се претставил како евангелистички пастор. Роча за полицијата изјавил дека тие не ја убиле Трухиљо, туку дека злите духови ја кренале и ја пуштиле врз огнот. Дваесет и петгодишната мајка на две деца била пронајдена неколку часа подоцна со сериозни изгореници. Починала завчера во болница.

Сопругот на Трухиљо изјави дека неговата жена била нападната и одвлечена во црква, каде што ја обвиниле дека ја обзеле зли духови и ја терале со мачета да напаѓа луѓе. Групите за човекови права во Никарагва побараа од властите итно да преземат мерки за построга контрола на верските секти.

Ништо не може да оправда толку суров акт, како што е палење жена, со помош од други луѓе што ги манипулирате користејќи ја религијата, укажа Хуаните Хименез од Автономното движење за жените.