Шокантно видео: Моментот кога автобус во Перу излета од патот – загинаа 9 луѓе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Перуански туристички автобус излета од патот во Лима, при што загинаа 9 луѓе, а најмалку 30 се повредени.

Локалните медиуми пренесуваат дека туристичкото возило, во сопственост на компанијата Green Bus, излета од патот на ридот Сан Кристобал во неделата. Оваа област е доста популарна за туристите бидејќи нуди одлична глетка на главниот град на Перу.

Според La Republica, панорамскиот автобус со отворен покрив се враќал од тура од врвот на Сан Кристобал кога возачот загубил контрола врз возилото.