Шокантно: Со тениски рекет му ги скрши забите на српскиот тенисер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанскиот Сондриј пренесува шокантна вест за немил настан кој се случил за време на ITF турнирот, а во кој Швеѓанецот Патрик Розенхолм со рекет му ги скрши забите на српскиот тенисер Илија Вучиќ.

Розенхолм (541-во место на АТП), како што пренесуваат италијанските медиуми, во третиот сет од мечот против Италијанецот Лука Панкалди, во налет на бес го фрли рекетот кон тендата која ги одвојуваше двата терени.

Но, таму се наоѓал Вучиќ (692-ро место на АТП), кого рекетот го погодил право во устата. Според медиумите, тенисерот останал со два скршени заба и бил итно пренесен во болница.

Розенхолм моментално е дисквалификуван, забранет му е настап во парови и казнет е со 500 долари.