Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
42 годишниот Американец, Стивен Валтер е уапсен поради инцест откако ја оставил својата сопруга поради ќерката Кети Рос. која била даена на посвојување. Стивен и 20 годишната Кети се уапсени минатата недела во Северна Каролина откако ги пријавила неговата бивша жена, односно мајката на Кети.
Кога наполнила 18 години, Кети одлучила да ги пронајде своите биолошки родители. Откако ги пронашла се доселила кај нив. Три месеци покасно, Стивен и нговата жена се разведиле, а Стивен спиел на подот во собата од Кети. Жената наскоро дознала дека ќерката им трудна, а набрзо дознала дека Стивен е татко на детето, откако го прочитала дневникот на своето друго дете.
Стивен со бившата сопруга има две деца, а на децата им рекол дека нивната сестра им е маќеа. После тоа бившата жена му се јавила на Стивен и го прашала дали Кети трудна од него, а тој тоа го потврдил. Кети објавила на социјалните мрежи дека се венчале, иако тоа законски не можеле да го направат.
Одредена им е кауција од милион долари за секој. Стивен својата кауција ја уплатил и е на слобода, а Кети е се уште зад решетки.