Шокантно: Проклетството на Олимписките игри – Рио шест месеци подоцна! (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Проклетството на Олимписките игри не е ништо ново, а само повторно доби на популарност минатото лето пред ОИ во Рио кога се појавија слики од запуштените олимписки борилишта во Атина и нејзината околина.

По тие фотографии од Атина беа објавени уште неколку галерии со слична содржина, само збогатени со нови документирани олимписки објекти во распаѓање од дел од останатите летни и зимски олимписки игри.

Тема која од организацискиот одбор на ОИ 2016 истакнуваа дека ќе ја избегнат со пренамена на олимпиското село и објектите во Рио де Жанеиро во објекти кои им се нужно потребни на локалното население.

Денеска, пола година по ОИ во Рио од тоа нема ништо, нешто за што зборува и видеото подолу во кое јасно се гледа дека Рио 2016 е само последното поглавје од олимпиското проклетство и уште еден атрибут на сите кои сметаат дека одржувањето на овој спортски настан е преголем и неоправдан трошок.