Шокантно откритие: Роналдо за децата на сурогат мајка и платил 29 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо наскоро по втор пат ќе стане татко, бидејќи сурогат мајка наскоро ќе му роди близнаци. Оваа информација Португалецот ја подели со пријателите, а таа веднаш дојде и до медиумите.

Сега нормално се оди во потрага по сите детали. Иако Роналдо се труди да ги крие информациите од приватниот живот, португалските и англиските медиуми успеаа да дојдат до информација за тоа колкава сума ќе и плати фудбалерот на мајката која ќе му роди близнаци.

Станува збор за сума од 17 милиони евра која Роналдо ќе и ја плати на сурогат мајката, не само да ги роди децата, туку и да молчи пред јавноста. Исто така Роналдо за својот прв син Кристиано Џуниор „искешира“ 12 милиони евра.

Lunch with my little man❤️️❤️️❤️️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Вкупно за сите деца Роналдо ќе потроши 29 милиони евра, што е фактички пет милиони помалку од неговата годишна заработка во Реал Мадрид.

„Роналдо и понатаму го чува својот приватен живот, но им призна на најблиските и пријателите дека наскоро ќе добие близнаци. Чувствува дека е вистинско време неговиот син да добие браќа со кои ќе расте“, изјави близок пријател на Португалецот.

За мајката на првиот син на Роналдо не се знае ништо, освен дека е од Америка и дека живее во Сан Диего.