Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Патниците кои чекаа превоз на железничката станица Union Station во Вашингтон беа шокирани кога наместо реклами, на големите екрани почнаа да се прикажуваат порнографски содржини.
Порнографијата ненадејно се појавила на дигиталниот екран во Мејн Хол околу 17:30 часот, а истата беше емитувана цели три минути. Инцидентот го снимиле патниците, а на екраните беше прикажувана содржина од сајтот PornHub, пренесува Washington Post.
„Не можев да си поверувам што се случува во јавност, а особено во период кога е гужва на станицата. Тоа беше доста експлицитна порнографска содржина на големиот екран и никој не го исклучуваше истиот“, вели една од патничките кои го посведочија непријатниот настан.
Претседателката на унијата на железници, Беверли Сваим-Стејли, изјави дека вообичаено на екраните се прикажуваат реклами, објави и имиња од компаниите кои имаат бизнис на станицата и претпоставува оти екранот е хакиран.
„Со новата технологија се случуваат многу нешта кои не ги очекуваме“, додаде таа.
Екранот е исклучен додека не бидат сигурни дека такви работи веќе нема да бидат прикажани.