Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На интернетот вирален хит стана снимката на која се гледа како едно мало слонче се бори за живот со крокодилот кој го приклештил со челустите за неговата сурла.
Бруталната борба се случила во Националниот парк Ливонд, во државата Малави, а ја снимил еден преплашен турист по име Александар Маканг, кој со брод пловел по реката.
Младото слонче било со своето крдо, но крокодилот немал проблеми со тоа, сè додека не се вмеша возрасниот слон и буквално го прегази крокодилот. Велат дека слоновите никогаш не забораваат, но ни овој крокодил сигурно нема да ги заборави нив.