Шокантно: Комшииве во ударен термин пуштаа тврдо порно со групен секс (18+)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Федералната телевизија на Босна и Херцеговина во четврток вечер емитуваше документарен филм насловен „ Pussy Riot панк молитва“, во кој се прикажани сцени од групен секс.

Весникот „Дневни аваз“ пишува дека „скандалозната порнографска содржина“ е емитувана во ударен термин, а за тоа го обвинува директорот на телевизијата Џемал Шабиќ и уредничката Амра Брзина-Заклан.

Дејството на филмот се одвива околу познатата феминистичка панк-рок група од Москва, позната по провокативните настапи кои често предизвикуваат скандали.

„Во филмот во неколку наврати се прикажува порно филм на една од членките на ова група. Во спорниот филм се појавува дури и бремена жена во сцена на групен секс“, пишува „Дневни аваз“.

„Со самото тоа што се работи за јавен сервис што го плаќаат граѓаните, овој дегутантен потег на директорот и уредникот на оваа телевизија, станува уште поскандалозен“, посочува весникот при тоа додавајќи дека ваквата програма би можела да ги истрауматизира малолетниците.