ШОКАНТНО: Казнет е хирургот кој се потпишувал на црниот дроб од пациентите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот хирург Сајмон Бремхол ги запишал своите иницијали на црниот дроб од пациентите во текот на трансплантацијата, а на денешното судење во Бирмингем му е наложено да плати казна од 10.000 фунти и да направи социјално корисна работа.

Бремхол користел аргонски коагулатор да ги напише своите иницијали. Коагулаторот се користи за стопирање на крварењето во текот на операцијата.

Хирургот во 2014 година поднесол оставка во болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем, веднаш штом бил разоткриен од друг доктор, а болницата соопшти дека тоа нема никакво влијание врз успехот на операцијата.

На денешното изрекување на казната судијата рече дека Бремхол покажа „толку високо ниво на професионална ароганција, што тоа веќе премина во криминален чин“.