Шокантно: Ја истепаа со стап бидејќи дала отпор при сексуален напад


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Жена во Индија беше јавно, на пазар, претепана со стап од мажи кои наводно сакале сексуално да ја злоупотребат, бидејќи им пружала отпор при нивниот обид за сексуално насилство. Таа потоа се закани дека ќе се самоубие ако напаѓачите не бидат изведени пред судот на правдата.

Видеото е снимено на пазарот во Утар Прадеш, Маинипур, Индија, а на него се гледа како еден маж приоѓа и почнува да ја тепа со стап. Наводно, жената ги прашала групата мажи да ја советуваат во кој правец да се упати. Тогаш тие се обиделе да ја зграпчат и да ја отстранат нејзината „дупата“ (покривката на главата). Кога таа им се спротивстави, беше претепана со стап од луѓето кои извикуваа низа вулгарности на нејзина сметка.

Сопругот на оваа жена исто така беше тепан, а нивната ќерка посведочи на целиот немил и суров настан. На видеото се гледа како жената крвари и им се жала на полицајците, заканувајќи се дека ќе се самозастрела доколку напаѓачите не бидат уапсени.

Тројца беа одведени во полициска станица како учесници во немилиот настан, а еден од напаѓачите, Ананд Јадав, беше уапсен во средата наутро.