Шокантно и невидено откритие: Во Кина пронајдени мистериозни черепи


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во централна Кина се ископани остатоци од два черепи кои ги шокираа антрополозите. Не се целосно сигурни на кој вид му припаѓаат, но сигурно се во едно – досега не виделе ништо слично.

Черепите кои се најдени во Кина се стари помеѓу 105.000 и 125.000 години, пренесува Science Alert. Имаат обележја на модерен човек и неандреталец. Антрополозите нагаѓаат дека припаѓаат на досега непознат вид на човек кој би ја објаснил еволуцијата на човекот и би ги побил досегашните теории дека сите луѓе потекнуваат исклучиво од Homo sapiens видот од Африка.

Другата теорија е дека черепите им припаѓаат на денисованскиот човечки подвид, предок на модерниот човек кој живеел во Азија, но нешто подоцна од периодот од кој датираат откриените черепни останки – пред 50.000 и 100.000 години.

„Ова е неверојатно откритие, особено затоа што човечките остатоци во Азија се прилично раштркани и е исклучително тешко да се датираат“, воодушевено вели Катерина Харвати, антрополог специјализирана за неандреталците.

Антрополозите се сигурни дека човекот по потекло е од Африка, но во периодот кога модерниот човек почнал да се шири и на останатите континенти, таму сретнал други видови на хоминиди, а ова откритие може да пополни многу научни празнини во нашето еволуциско стебло.

„Кина го руши сето она кое го знаеме за човечката еволуција. Ова е неверојатно возбудливо“, објаснува британскиот антрополог Марија Мартинон-Торес.