Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинеското врзување на стапалата е забрането, но не и заборавено. Многу Кинескињи од 10-от до 20-от век ја следеле оваа пракса на традиционален адет.
Постојат многу малку пишани докази за овој обичај и бројни се теориите за тоа како воопшто настанал истиот. Но, едно е сигурно, врзувањето на стапалата било ужасно болна постапка. Прстите се кршеше и се свиткувале до самото стапало, а после таа ужасно болна процедура, целото стапало се свиткувало за да се скри и коскениот лак од истото.
Ужаснувачки е фактот дека девојките не биле под никаква анестезија додека им го правеле овој одвратен адет. Мажите, пак, истиот го сметале за исклучително еротичен феномен. Ги возбудувало женското одење кое поради скршените коски и завојот било отежнато. Но, тие никогаш и не го гледале женското стапало, како изгледа тоа поради кое се возбудувале од женскиот чекор.
Тоа, така деформирано, останувало изврзано во завои, сокриено од човечките очи поради одвратниот изглед, но и неподносливиот мирис. Поради овој ужасен обичај, девојките често имале габични инфекции и морале да се подложат на отстранување на заразеното ткиво.