Шокантни услови за новороденчиња откриени при надзорот на скопска Гинекологија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


При извршување на вонредниот надзор на Клиниката за гинекологија во Скопје од страна на инспекција се откриени шокантни услови за новороденчињата, особено тие што се предвремено родени поради недостигот на инкубатори. Забележана е состојба на по две бебиња во еден инкубатор, има низок степен на хигиена во различни делови од гинекологија, како и несоодветни пракси за стерилизација.

Пропусти и недоследности се регистрирани речиси во целокупното работење, а инспекторите дадоа рок да се отстранат сите неправилности. Во изминатиот период дел од лекарската фела алармираше за состојбите по за жал бројните смртни случаи на новороденчиња и родилки со црни статистики кои се недозволиви.

Инспекторите констатирале и недостиг на кадар, посебно во одделението за интензивна нега, каде што велат дека нема доволен број медицински сестри. За новородените се грижат четири медицински сестри во првата смена и двајца специјалисти неонатолози, а во втората и третата смена повторно по четири медицински сестри и двајца неонатолози, педијатри, од кои едниот бил ангажиран на акушерското одделение.