Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По затворањето на еден ноќен клуб во Лејкленд, Флорида, стотина луѓе останале во уличката од клубот каде имало голема гужва, а неколку автомобили биле паркирани во близина. Поради тоа, на терен да интервенира излегла и локалната полиција.
Додека полиција им говорела на луѓето да се разидуваат полека, забележале еден „Camaro“ за кој имале сознанија дека е украден.
Кога се приближиле до возилото, возачот нагазил на гасот и се обидел да го прегази полицаецот кој скокнал меѓу два автомобили за да се спаси.
Возачот продолжил со нападите со возилото, па патем удрил во неколку автомобили. Полицајците отвориле оган и го погодиле возачот. И утврдило дека има само 17 години, а во прашање е Мајкл Џером Тејлор кој бил на условна слобода, а и бил познат на полицијата по кражби, брзо возење и други кривични дела. Како што се наведува, целиот инцидент траел 42 секунди.
Тејлор починал во болница од здобиените повреди, а истрагата утврдила дека во возилото имал и оружје.