Шокантни сцени: Фотка од откинатата глава на бомбашот од Санкт Петербург?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На интернет се појави нова слика од бомбашот самоубиец кој го направи терористичкиот акт во метрото во Санкт Петербург. На кадрите, распространети од ren.tv, се гледа неговата глава, која е откината од експлозијата на рачно изработена бомба, која атентаторот сам ја активирал.

Во меѓувреме, во руските медиуми се појави информација дека името на наводниот бомбаш од метрото е Максим Аришев.

Според податоците на Фонтанка, ова е 22годишен млад човек од Казахстан. Интерфакс, пак, пишува дека по првичните податоци терористот дејствувал сам. Извор од полицијата изјавил за агенцијата дека мажот прво оставил експлозивна направа на метро станица Плоштад Бунт, но бомбата не експлодирала.

Потоа се качил во метрото и ја активирал експлозивната направа меѓу станиците Сенаја плоштад и Технолошкиот институт. Како што е веќе забележано, вториот маж кој бил осомничен за вмешаност во атентатот, доброволно се јавил во полицијата и соопштил дека е невин.

Со него работат службеници на органите на прогонот. Во меѓувреме, шефот на прес службата на Министерството за надворешни работи на Казахстан Анвар Жајнаков изјави дека потрагата за државјанинот на земјата Максим Аришев се уште трае и тој не е меѓу загинатите во метрото.

Имаше информации дека меѓу загинатите може да е и неговото тело, но врз основа на нашиот генерален конзул и роднини, оваа информација не беше потврдена. Телото беше на друг човек. Затоа и во моментот не се потврдува информацијата дека Максим е меѓу загинатите или повредените , рече Жајнаков.

Според податоците на Фонтанка маж од Киргистан исто така бил меѓу веројатните осомничени за атентатот. Во метрото тој бил пресретнат од камерите за видео надзор. Изданието пишува дека Истражниот комитет бара 22годишен државјанин на Русија.

Акбаржон Џалилов е од киргизскиот град Ош и повеќе од шест години живее во Петербург. Вчера медиумите, повикувајќи се на извори на истрагата, постојано соопштуваа дека е можно да нападите во метрото да ги направил киргизстанец со презиме Џалјалов. Според последните податоци, по експлозијата во метрото на Санкт Петербург загинаа 14 лица.