ШОКАНТНИ ОТКРИТИЈА: Тектонски промени во европскиот фудбал и крај за Лигата на шампиони


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германскиот весник „Шпигел“ публикуваше нови скандалозни откритија од фудбалскиот свет, кои ако се вистините ќе создадат тектонски промени во фудбалот.

Станува збор за тајни документи кои ги пласира „Football Leaks“, повеќе од 18 милиони страни кои изминатиот период се анализирани од најеминентните медиуми во Европа, меѓу кои и „Шпигел“.

Веќе седим месеци на нивна анализа работат 60 новинари од 12 земји, а тајните документи откриваат шокантни детали, меѓу кои и желбата на најголемите европски клубови да формираат сопствено првенство – Супер лига, која треба да стартува во 2021 година.

Ако овој проект се реализира, тоа ќе значи и крај на постоењето на Лигата на шампиони.

Според информацијата на „Football Leaks“ планот е тоа да биде лига од 16 клуба меѓи кои се Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Милан, Челзи, Манчестер Сити, Ливерпул, ПСЖ и Јувентус.

Кон овие 11 клуба кои се основна сила на целиот проект треба да им се приклучат Атлетико Мадрид, Интер, Борусија Дортмунд, Марсеј и Рома. Планот е споменатите клубови следниот месец и официјално да направат молба за отцепување.