Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шоко Тендо е ќерка на славниот Хиројасу Тендо, човек кој светот го запозна како член и лидер на една од најозлогласените и најопасни банди на светот, јапонската„Јакуза“. Таа во нејзините сведоштва открива дека нејзиниот татко ја принудувал на сексуално ропство во период од пет години, по што успеала да побегне.
Додека статистичките податоци покажуваат дека дивата криминална група се намалува, ликвидациите никогаш не престанале да се случуваат, и тоа пред очите на бројни сведоци. Жените имаат лош статус кај „јакузите“, а сопругите и ќерките честопати се принудени на проституција од страна на членовите на оваа банда.
Шоко Тендо, ќерка на водачот на бандата, напиша мемоари за своето искуство, откривајќи дека нејзиниот татко им дозволувал на другите членови да ја силуваат во неколку наврати, од што лежела „крвава и со модрици“ во хотелска соба.
Како резултат на тоа таа станала зависна од дрога, а јакузите ја снабдувале. Шоко честопати сурово ја претепувале истите луѓе за кои бил задолжен нејзиниот татко, оставајќи ја со модринки, скршени коски и пуканато ушно тапанче.
View this post on Instagram
Сега таа е во раните педесетти години. Има направено неколку пластични операции за да ги скрие своите повреди, но емоционалните и физичките лузни останале.
Се верува дека „јакузите“ ја водат трговијата со бело робје во Јапонија, тие ги привлекуваат жените ширум светот ветувајќи им виза. Им ги одземаат пасошите и им создаваат долгови, принудувајќи ги да работат во бордели со цел да ги исплатат.
Нивната мрежа на бордели не е само во Јапонија, туку и во Кореја, Тајланд и Филипини, каде што странците можат да одат на сексуални забави.
Досега само една жена била водач на „јакузите“ – Фумико Таока, која ја водеше бандата на нејзиниот покоен сопруг Казу Таока до 1984 година.
Бандата е препознатлива по тетоважите на телото, но и по отсекување на малиот прст. Членовите пристапуваат на бандата преку борба со меч и медитација, но ампутирањето на малиот прст е казна ако ја преминат границата, обично ако не се во можност да отплатат коцкарски долгови, или ако не исполнат задачи како убиство или увоз на дрога. Овој процес е познат како „јубицуме“ – што буквално значи „скратен за прст“.
Во време на нивната најголема моќ, бандата броела 184.000 члена.