Шокантни исповеди на калуѓерки: „Секоја вечер ме силуваше, мислев дека тоа е Божја волја“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден ден после јавното и отворено признание на папата Франциск за постоење на голем број сексуални злоупотреби на калуѓерки и свештенички од страна на свештени лице во рамки на Римокатоличката црква, две бивши калуѓерки открија шокантни детали во нивните вознемирувачки исповеди за она кое го преживеале додека биле дел од оваа црква.

Жените во интервју за радио ББЦ го поздравија признанието на Папата, со зборовите дека премногу време имало „култура на тишина и прикривање во црковната хиерархија”.

Д-р Роко Фигуероа е теолог и предавач во Оукланд , Њу Зеланд , која доживеала сексуално злоставување во Лима, Перу. Таа како тинејџерка на 15 години живеела во заедница на апоастолски живот , зашто доаѓа од сиромашна средина.

Свештеникот по неколку месеци и кажал дека со неа ќе вежба за да ја научи на самоконтрола на нејзината сексуалност.

„Бев многу младат и наивна , мислев дека тој е добар , а јас лоша. Се чувствував виновна и дезиорентирана “ , раскажува докторката.

Својата приказна ја раскажа и Дорис Вагнер-Резигнер, која била калуѓерка во Германија. Таа раскажува дека еден од свештениците цело време бил покрај неа и една вечер влегол во нејзината соба и ја силувал.

Знаела дека тоа не е во ред , но немала кому да каже, зашто чувствувала дека таа прави грев. Мислела дека ако прозбори за тоа, ќе биде на штета на црквата , па Господ сака да молчи.

Таа подоцна запознала друг свештеник, по што се вњубиле и ја напуштиле црквата во 2011.