Шокантна цена: Nokia 3310 од 1.600 евра – дознајте ја причината за тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најголемиот добитник на овогодинешниот Mobile World Congress, најголем саем за мобилна технологија кој секоја година се одржува во Барселона, не е никаков паметен телефон, таблет или сет за виртуелна реалност.

Сета слава на сцената со мобилна технологија ја собра реинкарнираната Nokia 3310, нова верзија на некогаш лудо популарниот мобилен телефон продаден во над 120 милиони примероци. Во него нема ништо „паметно“ – станува збор за 2G уред со екран од 2,4 инчи, 16 МB работна меморија и скромна камера со резолуција од 2 мегапиксели.

И само неколку дена после објавувањето на новата верзија на славниот телефон, како што пренесува Android Authority, се појави и луксузна верзија на новиот модел, наменет за рускиот пазар.

Nokia 3310 Supremo Putin е посветена, како што тоа може да се заклучи од самото име, на рускиот претседател Владимир Путин, односно, да го цитираме производителот, „најпопуларниот лик во Русија“.

На позадината од мобилниот доминира портрет на рускиот претседател изработен од злато, под кој се наоѓа, исто така, златна плочка со стих од руската химна. Ниту предната страна од телефонот не е поштедена од кич, бидејќи во центарлната навигациска типка – исто така од злато – е втиснат рускиот грб.

Телефон со такво дизајн си повлекува и соодветно пакување: кутијата во која се наоѓа во целост е изработена од квалитетно дрво. Сиот овој комплет можете да го имате за „само“ 1.616 евра. Секако, ако сте фан на Путин.