Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Норвежанецот Даниел Модол сакаше да направи снимка на грмежите и громовите кои беснееја во Гјерстандом, Норвешка, а неколку моменти откако ја вклучи камерата на својата тераса, доживеа стравичен шок.
Имено, само што почна да снима, по неколку секунди гром удри веднаш до неговиот балкон, а стравичниот звук и глетка кои Даниел ги фати на снимката која се шири на интернет, ги наежи многумина корисници на социјалните мрежи. За среќа, авторот на видеото помина без никакви повреди и последици.
Напротив, откако ја виде смртта во очи, тој не се вознемири претерано и се повлече во својот дом.
Повеќе од милион луѓе ја прегледаа снимката, а голем дел од нив се сложуваат со коментарот дека на Даниел веќе нема да му текне да излегува на тераса кога грми надвор.