Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските власти уапсија тројца млади Руси кои се осомничени дека во Лорет де Мар до смрт претепале млад Италијанец.
Жртвата се вика Николо Кјати, 22-годишен Италијанец кој живеел близу Фиренца. Бил претепан пред повеќе десетици сведоци, а починал на патот до болница. Во популарното летувалиште бил со пријателите на одмор, а во петокот вечерта биле во ноќен клуб. Причината за тепачката, било тоа што во гужвата случајно турнал еден од напаѓачите.
„Беа како животни“, коментираше еден од пријателите на несреќното момче. Тие во еден момент се обиделе да му помогнат, но успеале само да заработат по некој удар. Од друга страна, десетици луѓе само стоеле од страна и снимале.
Според некои медиуми, осомничените Руси се баратели на азил во Шпанија, додека други пишуваат дека се работи за Чеченци. Во меѓувреме се појави снимка, која ве предупредуваме е прилично вознемирувачка.