Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Безбедносните камери го снимија убиството на еден разбојник кој паѓа во базенот на еден приватен имот, откако беше застрелан од сопственикот на куќата.
Провалникот ја ограбувал куќата лоцирана во населба од бразилската сојузна држава Мато Гросо, додека семејството било во куќниот двор.
Двајца мажи стојат покрај базенот, а жената го потпира велосипедот на ѕидот. Тогаш жената го забележа разбојникот во куќата, се сврте и му викна на сопругот кој бил во спалната соба.
Разбојникот истрча од куќата во дворот, трчајќи кон жената. Но, мажот го застрела и тој падна во базенот.
Полицијата подоцна потврди дека разбојникот е 19-годишниот Патрик де Оливеира, а обдукцијата потврди дека дечкото починал на лице место.
Сопственикот на куќата е приведен и се испитува за евентуално убиство, но засега не е сигурно дека ќе добие кривично обвинение.