Шокантна изјава на Ердоган: „Девојчево ќе биде почитувано ако загине во борба“ (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светската јавност упати лавина од критики кон претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по неговиот говор во кој, стоејќи покрај малолетно девојче облечено во воена униформа, изјавил дека тоа ќе биде многу почитувано ако загине во борба.

„Ако загине, ќе положат знаме преку неа“, рекол Ердоган во говорот пред членовите на неговата партија. На ваквата изјава неговите поддржувачи извикувале: „Шефе. Води нè во Африн“, алудирајќи на градот во Сирија во кој турските сили водат офанзива против сириските Курди.

На снимката што ја објави турската државна телевизија може да се види дека додека Ердоган зборувал, вниманието му го привлекло девојче во униформа што седело во публиката. Тој го повикал девојчето да излезе на бината.

„Видете што имаме тука. Девојче, што правиш ти тука? Нашите беретки се тука, но тие никогаш не плачат“, му рекол Ердоган на расплаканото девојче мислејќи на специјалната единица на турската војска.

„Таа има и турско знаме во џебот. Ако загине во борба, ќе положат знаме преку неа“, додал Ердоган на партискиот конгрес што се одржал во саботата во Караманмарас.

„Таа е спремна на сè, зарем не?“, го прашал Ердоган девојчето на што тоа одговорило: „Да“. Потоа Ердоган го бакнал девојчето во образот и тоа се симнало од бината.

Ваквата реакција и изјава на Ердоган предзивика лавина реакции, а нејжестоките критичари велат дека станува збор за злоупотреба на деца. Би-би-си објави дека Ердоган засега не излегол со коментар во јавноста по критиките.

„Ова е срамота. Ова е многу лошо. Таа е само дете, не можеш да посакаш да умре“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.