Шок за Вардар – Дибиров го напушта клубот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најдобрите ракометари на Вардар и миленик на навивачите, Тимур Дибиров најави дека го напушта клубот на крајот на сезоната.

Тој во интервју за „samorakomet.mk“ ја соопшти одлуката да ја заврши својата авантура во Вардар на крајот на сезоната.

Оваа вест сигурно со неверување ќе ја примат навивачите на „црвено-црните“ бидејќи Дибиров е еден од најверните играчи на Вардар.

Тимур изминатите години изгради легендарен статус во Вардар и беше еден од архитектите на двете европски титули.