Шок за македонските земјоделци: Косово става рампа за макдонскиот зеленчук и овошје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Косово го стопира увозот на македонските зеленчук и овошје, и тоа е нов шок за земјоделците во земјава. Косовскиот министер за регионален развој, кој завчера беше во посета на Македонија го одбегна прашањето зошто македонската влада не била навремено известена, само посочи дека мерката е со цел да си го заштитат сопственото производство и дека важи за сите земји, а не само за Македонија.

Заштитната мерка што косовската Влада ја воведува од денес, петок, ќе трае 3 месеци и вклучува 30-отстотното зголемување на увозните давачки за 21 македонски земјоделски производ.

Министерот Крешник Бектеши одговори дека ни македонската страна, ни Секретаријатот на ЦЕФТА, а ни другите членки на ЦЕФТА не биле навремено информирани за воведувањето на мерката, а согласно ЦЕФТА Договорот Косово било должно навреме да ги информира сите земји членки за намерата за воведување царини.

Велат дека обврска како ресорно министерство им е да го заштитат домашното производство и извозно ориентираните земјоделски производи. Бектеши не беше поконкретен што може да се очекува наредните денови.

Ова ќе ги погоди земјоделците кои производите ги продаваат за многу ниски цени.

„Дефинитивно ќе има големи штети. Оваа постава нема капацитет да го реши проблемот. Земјоделците се исплашени и не гледаат иднина. Сите што можат се подготвуваат да избегаат од државата. Производите се откупуваат за смешни цени, всушност цела година се такви цените, пред некој ден краставици се продаваа за 4 денари килограм, а доматите беа 20 денари недела или две, и пак се сега 10 денари за килограм. Нема веќе враќање назад“- вели Данаил Паланков, земјоделец од струмичкото село Муртино.

Тој објаснува дека во земјоделството владее хаос, и следната година не планира да работи, туку ќе замина во странство.

Најпогодени од ваквата мерка се пиперката, доматот, сливата.

Поради ваквата одлука на Приштина, Србија бара итен состанок со Македонија и БИХ.