Шок за Ливерпул: Може да биде исфрлен од Лига Купот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот фудбалски сојуз започна истрага против Ливерпул и славниот англиски клуб може да биде исфрлен од Лига Купот.

„Црвените“ без поголеми проблеми го елиминираа МК Донс и се пласираа во осминафиналето каде треба да се сретнат со Арсенал.

Меѓутоа, покрената е истрага против Ливерпул за наводно користење на фудбалери кои немал право на настап.

За сега не се познати имиња на фудбалерите, но треба да се истакне дека Јирген Клоп на оваа средба им даде шанса на неколку млади фудбалери.

„Клубот е свесен за можните административни проблеми кога е во прашање еден наш играч. Нема да даваме конкретни информации се додека овој процес на заврши“, порачаа од Ливерпул.