Шок за Барса: Ливерпул одби 100 милиони за Кутињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул не попушта и ја одбил понудата од 100 милиони евра која Барселона ја понуди за Фелипе Кутињо.

„Црвените“ втор пат ја одбиваат понудата на Барселона, откако пред десетина дена не ја прифатија првичната понуда од 85 милиони евра.

Клубот од „Енфилд“ се огласи откако вчера каталонските медиуми објавија дека Барселона ги завршила работите околу трансферот на Кутињо и дека играчот в петок ќе биде преставен на „Ноу Камп“.

Барселона бара адекватна замена за Нејмар, кој замина во ПСЖ за рекорден трансфер од 222 милиони евра.

Сепак, Каталонците нема да се откажат од намерата да го донесат Кутињо и наскоро ќе испратат нова понуда, а предност за Барселона е што самиот фудбалер инсистира да се пресели на „Камп Ноу“.