Шок во светот на музиката: Ненадејно почина Продиџи од култните Mobb Deep


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Член на рап дуото Mobb Deep, Амберт Џонсон, познат под прекарот Продиџи, почина на 42-годишна возраст во Лас Вегас.

„Со голема тага и неверување соопштуваме дека нашиот мил пријател Амберт Џонсон, на сите познат како Продиџи од легендарното њујоршко дуо Mobb Deep, почина. Продиџи е пренесен во болница пред неколку дена поради компликации предизвикани од кризата на анемија на српести клетки, откако му се слоши по настап. Како што голем број негови обожаватели знаат, Продиџи од раѓање се бореше со болеста“, се наведува во соопштението на Mobb Deep што го пренесе магазинот „Ролинг стоун“.

„Сакаме на сите да им се благодариме за почитувањето на приватноста што семејството ја сака и треба да ја има во овие моменти“, се додава во соопштението.

Сепак, точната причина за смртта на Џонсон се уште не е потврдена.

Меѓу големиот број хитови на дуото ее Quiet Storm, Burn, G.O.D.Pt.III, Get Away, додека албумот Infamous досега е продаден во повеќе од половина милион примероци, откако беше објавен во 1995 година.