Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
16-годишната руска пливачка Сафија Аскарова беше грозоморно убиена со триесет убоди од нож откако се обидела на нејзиното момче Никита Маљгин, исто пливач, да му објасни дека сака да ја прекине нивната љубовна врска.
Маљгин брутално ја убил младата Аскарова со 30 убоди со нож и тоа во вратот, градите и стомакот. Нивните пријатели велат за руските медиуми дека пливачот бил љубоморен на Сафија , мислејќи дека таа има врска со неговиот спортски конкурент.
Истражниот одбор на Руската федерација на Твитер објави видео во кое Маљгин признава дека ја убил девојката. на снимката се слуша како тој раскажува дека на неговото барање да ја продолжат врската таа му одговорила „Оди по ѓаволите”.
Расставание подростков обернулось жестоким убийством.
23 декабря в Тольятти на пустыре обнаружено тело 16-летней девушки. Следствием установлен и арестован подозреваемый в убийстве – 16-летний знакомый потерпевшей, который в ходе ссоры нанес ей более 30 ножевых ранений pic.twitter.com/L0vQvkgA8c
— Следственный комитет (@sledcom_rf) December 26, 2018
Не се сеќава колку пати ја прободел, туку само знае дека во еден момент паднала и потоа го фрлил ножот во близина.
Аскарова освоила второ место во пеперутка стил на минатогодишното државно првенстов на млади пливачи. Дента кога Маљгин ја убил , на родителите им рекла дека оди во продавница , но наместо тоа се сретнала со убиецот.
Нејзиното тело било најдено на 23 деккември во 22 часот на напуштено градилиште, а недалеку од телото бил најден и ножот.