Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Врз новоизбраниот градоначалник на мексиканскиот град Тлахијако, Алехандро Апарисио Сантјаго, беше извршен смртоносен атентат веднаш откако положил заклетва. Во убиствениот напад беа повредени и 4 други лица.
Обвинителството соопштило дека Апарисио Сантијаго после полагањето заклетва тргнал на состанок во градското собрание, кога непознат број на напаѓачи пукале во него, пренесува Associated Press.
Тој бил префрлен во болница, каде подоцна починал.
Así fue asesinado el morenista Alejandro Aparicio Santiago; en plena calle y unos minutos después de haber rendido protesta como alcalde de Tlaxiaco, Oaxaca. pic.twitter.com/4wwgVHWOMK
— Ciro Gómez Leyva (@CiroGomezL) January 2, 2019
Гувернерот на сојузната мексиканска држава Оахака, Алехандро Мурат потврдил на твитер дека градоначалникот на Тлахијако е убиен.
Мурат ветил темелна истрага и навел дека осомничените за убиството се уапсени.