Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, поради повреда на мускулот ќе отсуствува од терените во наредните 30 дена, што практично ќе значи и крај на сезоната.
Герет Бејл, иако недоволно рехабилитиран, Зидан одлучи да го стави стартер во „Ел Класико“, но ја обнови повредата на бутниот мускул и натпреварот го заврши во финишот на првото полувреме.
Информациите од Шпанија говорат дека Бејл ќе отсуствува најмалку еден месец, што практично значи дека сезоната за него е завршена.
Отсуството на Бејл ќе му создаде дополнителни проблеми на тренерот Зидан, пред полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите со Атлетико и финишот на сезоната, во која „кралскиот“ клуб со Барселона се бори за титулата.
Сезоната во Шпанија завршува на 21 мај, а Велшанецот би можел да биде подготвен за евентуалното финале во Лигата на шампионите, кое се игра на 3 јуни во Кардиф.