Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
29-годишната компјутерска техничарка Кристина Аботс, која во слободното време работела како ескорт дама, била брутално претепана била брутално претепана со дршка од кујнски нож од страна на лондонскиот банкар и татко на две деца, 47-годишниот Захид Насим.
Вечерта пред нејзината смрт заедно купувале алкохол во супермаркет. Следното утро нејзиното тело било најдено во стан, кој го изнајмувала, додека банкарот лежел гол, преправајќи се дека е во несвест. Аботс била 13 пати удрена во глава со рачката од ножот, а била убиена 12 часа пред полицијата да го најде нејзиното тело.
Откако го извршил убиството, Насим и пратил порака на својата партнерка дека е предоцна, дека му е жал и дека животот не е за него.
Партнерката, Хелен Џервис, со која Насем живеел 12 години и има две деца, се обидела да му се јави, но безуспешно.
Насем на убиената девојка и плаќал по 3.500 фунти од средба. Нејзините родители на судењето изјавија дека не знаат со што се занимава ќерка им, освен дека е комјутеркси техничар и дека патувала на егзотични места.