Шок во Аргентина: Навивач прослави титула со черепот на дедо му!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќа беше одлучено аргентинското првенство, така што Расинг и официјално стана нов шампион на Аргентина.

Фудбалерите на Расинг со реми против Тигре (1-1) ја освоија 18-та титула во шампионатот на Аргентина, а потоа следеше големо славје на улиците во Буенос Аирес.

Навивачите на неверојатен начин ја прославија титулата, но еден од нив се надмина себе си и го шокираше целиот свет. Имено, камерите успеаа да снимат изјава на навивач кој со череп во рацете дојде на трибини.

https://twitter.com/FutbolEsquema/status/1112516410796883968

Тој потоа на телевизија објасни дека решил да го направи тоа што дедо му најмногу го сакал, а тоа е прослава на шампионска титула.

Имено, неговиот дедо починал пред неколку години, па тој решил да ги откопа неговите коски. Неговата цел било со черепот всушност да го „доведе“ својот дедо на прославата на титулата.