Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Владата на денешната седница констатираше дека стадионот „Филип Втори“ не е подготвен според стандардите што ги бараше УЕФА за одржување на Суперкупот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид на 8 август во Скопје.
„На денешната седница на Владата констатирани се сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходата Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената Филип 2, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА“, соопшти вечерва Владата.
Од Владата соопштија дека го задолжиле Генералниот секретаријат, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да се најде начин за одржување на УЕФА Суперкупот. Според најавите, тим на УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите за одржување на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.