Home Спорт ШОК: Роналдо поцрвене на „Местаља“, па плачеше како мало дете! (видео)

ШОК: Роналдо поцрвене на „Местаља“, па плачеше како мало дете! (видео)

Кристиано Роналдо на ужасен начин ја започна својата авантура во Лигата на шампиони во дресот на Јувентус.

Имено, во првото коло „бјанконерите“ и гостуваат на Валенсија, а во 30-та минута Кристиано Роналдо доби директен црвен картон.

После еден дуел без топка со Муриљо, судијата Феликс Брих му покажа директен црвен картон на Роналдо, иако на снимката не се гледа најдобро каков бил контактот.

Портуаглецот не можеше да се помири со таквата одлука и со солзи го напушти теренот.

Црвениот картон значи директна суспензија од два натпревари, па Роналдо ќе го пропушти и мечот со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…