Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Нејмар ова лето стана најскапиот фудбалер на сите времиња и за сума од 222 милиони евра ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ. Сепак, се погласни се шпекулациите дека Бразилецот не е среќен во Париз.
Иако заработува огромна сума на пари, прва ѕвезда е во тимот, сепак Нејмар не е задоволен, па веднаш почнаа да кружат гласини дека ПСЖ ќе биде само привремена станица за него.
Тоа не се забележува на теренот, бидејќи Нејмар на 12 натпревари има учинок од 11 гола и 9 асистенции. Меѓутоа, прво имаше конфликт со Кавани кој го обиколи светот, а потоа и несогласувања со тренерот Унаи Емери.
Поради тоа локалните медиуми започнаа да шпекулираа дека Нејмар е не е среќен во ПСЖ и во Париз воопшто, а вистинска бомба предизвика информацијата што ја објави каталонски „Спорт“, инаку весник кој е близок до Барселона.
„Спорт“ објави дека 25-годишниот напаѓач, кој неодамна беше во Барселона и ги посетил клубот, ги прашал поранешните соиграчи дали би го примиле назад. Наводно, тој во разговор со Меси, Пике и Суарез ги испитувал за теренот за можно враќање на „Камп Ноу“.
Ова звучи неверојатно со оглед на фактот што Нејмар непријателски замина од Барселона и најави тужба до клубот за неисплатени 26 милиони евра.
Сепак, весникот тврди дека Бразилецот има проблем со актуелниот претседател и раководство, кое наскоро може да бидат променети…