Шок на концерт: Пеачот Крис Реа падна од бината (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот пејач Крис Реа ги шокираше своите фанови на концерт во Оксфод, кога наеднаш почна да се тетерави и падна од бината.

66-годишниот пејач среде концерт паднал од бината и почнал да се тресе на падот, брзата помош го однела додека фановите гледале со неверица.

„Се молиме се да е во ред со него. Само падна за време на изведување на една песна. Навистина не изгледа добро. Загрижен сум“, пишува еден негов обожавател на Твитер.

Пред да му се слоши, на сцената бил околу 45 минути. Стоел пред микрофонот и ја држел гитарата кога раката започнала да му се тресе, се обидел да се задржи за микрофонот но не успеал, а потоа само се срушил, го опишуваат обожавателите несреќниот момент.