Шок на Етихад: Ѕвездата на Сити се сели во Јунајтед!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Големите трансфери во фудбалскиот свет не се никаква новост, но секогаш е интересно кога некој фудбалер ќе направи трансфер во редовите на лутиот ривал.

Особено тоа е интересно во Англија каде клубовите имаат голема финансиска моќ и се во можност за најдобрите играчи од лигата да понудат вистинско богатство. Еден таков шокантен трансфер би можел да се случи и ова лето бидејќи англиските медиуми пренесуваат дека Серхио Агиеро е на мета на Манчестер Јунајтед.

Аргентинскиот напаѓач оваа сезона не е на ниво на претходните и Гвардиола често го оставаше и на клупата за резерви, па веќе подолго време се зборува за неговото заминување од „Етихад“.

Гвардиола е спремен да го замени Агуеро со друг напаѓач, а англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 65 милиони фунти за неговиот потпис.

Жозе Мурињо е спремен да му понуди плата од 250.000 фунти неделно, колку што моментално заработува Вејн Руни и сака да направи тандем Гризман – Агуеро.

Сепак, овој трансфер е тежок за реализација бидејќи „граѓаните“ сигурно нема да сакаат да го засилат градскиот ривал.